Утрински Весник
Македонија

Граѓаните правилно да ги користат новите полуподземни контејнери во Скопје

Граѓаните правилно да ги користат новите полуподземни контејнери во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Комуналните редари на Град Скопје во наредниов период ќе ги едуцираат граѓаните како правилно да го одлагаат отпадот во новите полуподземни контејнери што се поставени на улицата „Никола Русински“, зад ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3.

Како што информираат градските власти, целта на оваа активност е да се подобри хигиената на јавните површини и да се овозможи брзо и ефикасно подигнување на отпадот од домаќинствата.

Пред два дена, Град Скопје почна пилот-проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата – полуподземни контејнери. За таа цел, на улицата „Никола Русински’“ се поставени шест вакви контејнери, од кои два се со капацитет од три кубни метри, а четири се со капацитет од пет кубни метри. Овие контејнери имаат предности во однос на другите видови садови за отпад – поголем капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација.

– Овој пилот-проект дава можност и за селектирање на отпадот, а граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад. Во неколкумесечниот тест период во рамките на овој пилот-проект Град Скопје ќе ги согледа сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени анализи за исплатливоста од инвестирањето во вакви контејнери, се вели во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје апелира граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена, притоа ѓубрето да го фрлаат во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот, во затворени пластични ќеси, неоставајќи храна и облека надвор од контејнерите. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун

Приведени возачи во Велес, Куманово, Македонска Каменица, Струга и Прилеп, управувале возила под дејство на алкохол