Утрински Весник
Македонија

Заев: Граѓаните ќе излезат на избори затоа што знаат дека немаме функционални институции

Заев: Граѓаните ќе излезат на избори затоа што знаат дека немаме функционални институции
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) –  МВР ажурира избирачки месец на три месеци – четири пати во годината. Последен пат беше ажуриран во мај месец. И ДИК е должна да ги впише новите лица кои наполниле 18 години. ДИК е комплетно подготвен, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизија 21.

– Министерството за внатрешни работи е должно да ги впише сите што полнат 18 години до 5 јули. Со тоа го стекнуваат правото на глас, и им треба лична карта или патна исправа, кои можат да се издадат и на денот на изборите. Ако избирачкиот список е ажуриран, остануваат другите активности на надлежните органи, истакна Заев.

Тиј порача дека на денот на изборите ќе имаме посебни здравствени протоколи.

– Ако можеме да одиме во банка, во маркет, на пазар, во ресторан, а сега мораме пет минути да поминеме на избирачкото место, не знам што е опасно, изјави Заев.

Тој истакна дека ако очекувањето во нормални услови е 1.100.000 гладсачи да излезат на изборите, заради коронавирусот порценува дека ќе излезат околу 900.000, изразувајќи оптимизам дека сепак граѓаните во голем број ќе излезат на гласање.

– Мое очекување е дека ќе имаме 900 000 гласачи. Верувам дека одѕивот ќе биде од 50 до 60 отсто од гласачите. Ова се парламентарни избори и граѓаните ќе излезат за да ги поставиме институциите. Не можеме поинаку да функционираме. Уредбата со законска сила е закон, без Парламент и без потпишување на указ од претседателот, и Владата ако сака може да застрани и ова да го злоупотреби. Затоа избори ни се неопходни и заради економскиот, но и заради политичкиот контекст, дополни Заев. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци