Утрински Весник
Македонија

Излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените

Излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Сите лица кои се излекувани од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, апелира министерот за здравство Венко Филипче во објава на својот ФБ профил.

За пријавување, како што посочува, треба да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4

-Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излекувана пациентка од Ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Да бидеме хумани и да им помогнеме на заболените од Ковид-19 побрзо да оздрават, напиша Филипче. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски? 

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии од малолетничка