Утрински Весник
Македонија

Ди Маио: Од историско значење одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

Ди Маио: Од историско значење одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

Атина, 9 јуни 2020 (МИА) – Од историско значење е одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Маио по денешната средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас, јави дописничата на МИА од Атина.

Европската перспектива на Западен Балкан беше меѓу темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии.

-Го поддржуваме процесот на проширување и главно одлуката на Европската унија да започне преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е од историско значење за кое верувам дека придоенсоа и континуираните и заедничи активности и напори на Грција и Италија, рече министерот за надворешни работи на Италија. ср/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила