Утрински Весник
Македонија

На велешко Езеро „Младост“ забрзано се изведуваат градежните работи од проектот „Смарт езеро Младост“

На велешко Езеро „Младост“ забрзано се изведуваат градежните работи од проектот „Смарт езеро Младост“

Велес, 9 јуни 2020 (МИА)Општина Велес го асфалтира паркингот на езеро „Младост“ со 23 паркинг места, а  започна и со ископ на канал за поставување на потребните кабли за поставување на канделабрите за осветлување на пешачката патека на Езеро „Младост“.

Паркингот е дел од проектот „Смарт езеро Младост“ во чии рамки се изведуваат и градежните работи на Паркот на авантурите и Еко кампот.

Сите овие градежни активности  се дел од овој проект вреден еден милион евра кој Општина Велес го доби од грант од Светската Банка.

Воедно Општина Велес во близина на велешкото езеро „Младост“ започна со асфалтирање на дел од патот кон село Сопот и кон винарија Шато Сопот, со должина од 726 метри и просечна широчина од 3-3,5 метри  во вредност од 70 илјади евра обезбедени од Европска Унија.

Велес, со понудата и содржините на Езеро Младост станува важна туристичка дестинација за транзитен, рекреативен, вински, спортски и риболовен туризам, потенцираат од Општина Велес.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција