Утрински Весник
Економија

Брегу: Дигитализацијата спаси многу работни места на Западен Балкан

Трибина за „Дигитализација на јавните услуги“ во Куманово

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Дигиталната технологија придонесе за ублажување на стапките на невработеност во регионот на Западен Балкан, констатира генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

– Изолацијата донесе голем пораст на стапката на невработеност во Западен Балкан, помеѓу пет и над од 30 отсто. Без модерните технологии кои овозможија работење од дома и зачувување на работните места, овој број ќе беше многу поголем, пишува Брегу во авторски текст објавен неодамна од РСС.

Повикувајќи се на бројки од истражувањето што еднаш годишно го спроведува РСС, „Балкански барометар“, како и на статистички податоци од Европската Унија, Брегу вели дека електронската трговија е во постојан пораст, а такви се предвидувањата и за оваа година.

– Проценките за 2020 покажуваат дека електронската трговија на Западен Балкан е во пораст и дека приходите остварени на овој начин би можеле да изнесуваат 850 милиони евра добиени од околу 6,6 милиони корисници… Бројот на купувачи на интернет на Западен Балкан се движи помеѓу три и 32 отсто, што е помалку од половина од просекот на Евроската унија од 68 отсто, наведува Брегу.

Брегу заклучува дека Програмата за дигитална трансформација на Западен Балкан за периодот 2021-2024 година што ја финансира Европската Унија и која се наоѓа во фаза на подготовка, ќе биде стожер на општествено-економското закрепнување на регионот. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот задржана на 1,75%

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо