Утрински Весник
Македонија

Влада на Словенија: Сите кои биле во Северна Македонија во задолжителен 14 дневен карантин

Влада на Словенија: Сите кои биле во Северна Македонија во задолжителен 14 дневен карантин

Љубљана, 8 јуни 2020 (МИА) – Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.ав/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето” е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка

Реконструкцијата на Владата пред пратениците