Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на ПС Бит Пазар лишени од слобода 15 лица кои го прекршиле полицискиот час 

МВР: Приведени 44 лица поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Петнаесет лица се лишени од слобода поради непочитување на забраната за движење на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар вчера во периодот од 19 до 20 часот на улиците „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму истакнуваат дека продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19.

-Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот, стои во соопштението од МВР.

До пет часот изутрина траеше 80 часовната забана за движење со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, а која се однесуваше за граѓаните на сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор