Утрински Весник
Македонија

Девет позитивни на коронавирусот по скринингот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани

Девет позитивни на коронавирусот по скринингот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани
Dik 300x250 mk

Кочани, 7 јуни 2020 (МИА) – По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на коронавирусот.

Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на Ковид-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита.

– Ова е уште една опомена за максимална внимателност, за да ги спречиме последиците од поголем размер. Со ова се потврди и неопходноста од скрининг тестирања, бидејќи евентуалното отворање на градинките без проверка на здравствената состојба на вработените, ќе значеше катастрофа. Резултатите од скринингот се посебно важни затоа што ја прикажуваат состојбата и ќе помогнат во борбата против Ковид-19. Ги повикувам граѓаните да се однесуваат максимално внимателно и одговорно, да носат заштитни маски и да одржуваат растојание од два метра и лична хигиена, истакна Илијев.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани во моментот активни се вкупно 19 лица, меѓу кои и жители на општина Чешиново-Облешево, вработени во една од штипските конфекции каде беше откриено присуство на вирусот. та/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стево Пендаровски: Владата во Скопјe не размислува во насока на евроинтеграција

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“