Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386

Кривични пријави за лажни дозволи за движење во полициски час

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие 154 лица не ја почитувале забраната за движење при што 130 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следат соодветни мерки, информира утринава Министерството за внатрешни работи.

Полицијата евидентирала и 386 прекршоци за неносење на заштитна маска и две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во изминатите 24 часа издадени се и решенија за изолација на 249 лица, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ