Утрински Весник
Спорт

Шефот на Ферари: Ќе бидам среќен ако Фетел оди во Мерцедес

Фетел ќе го загуби статусот на бр.1 во Ферари
300x250 (7)

Маранело, 7 јуни 2020 (МИА) – Шефот на Ф1 тимот на Ферари, Матија Биното го сподели своето мислење за идната дестинација на Себастијан Фетел, кој ќе го напушти италијанскиот тим по 2020 година.

– Одлуката да се разделиме со Себастијан не беше лесна. Ние во Ферари го сакаме како возач и човек, тој е дел од нашиот тим. Ако Себ не најде место во кој било тим, тоа ќе биде сериозна загуба. Се шпекулира дека може да оди во Мерцедес. Ако се случи тоа, јас ќе бидам многу среќен за него. Фетел е одличен човек и професионалец. Сигурен сум дека тој сака да го заврши настапот во Ферари, давајќи се од себе зат тимот. Сигурен сум дека нема да имаме потешкотии, рече Биното за „Марка“.

Ss1

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари