Утрински Весник
Спорт

Вајгл се огласи по нападот врз автобусот на Бенфика: Имавме среќа!

Вајгл се огласи по нападот врз автобусот на Бенфика: Имавме среќа!
Ss2

Лисабон, 6 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Јулијан Вајгл зборуваше за нападот врз клупскиот автобус по мечот од португалскиот шампион против Тондела (0:0).

Фудбалерот беше повреден при нападот и однесен во болница.

Img 5587

– Здраво на сите. Само сакам да знаете дека сум добро. Имавме многу среќа! Сфаќам дека сите грешме, но она што се случи ја премина линијата. Фрлајќи камења на автобусот, мислевте дека никој нема да биде повреден? Вистинските навивачи на Бенфика не го прават тоа, знам. Последните неколку недели и денови ни покажаа дека е подобро секогаш да се држиме заедно отколку да фрламе камења едни на други. Благодарност до сите кои беа загрижени и испратија топли пораки. Мислам дека се цениме едни со други, напиша Вајгл на Инстаграм.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами