Утрински Весник
Македонија

Дванаесет прекршувања на полицискиот час во тетовско

Казни од 20 евра за 12 луѓе кои не носеле заштитни маски во тетовско

Тетово, 6 јуни 2020 (МИА) – Од 7:00 часот во петокот до 7:00  часот утринава СВР Тетово бележи 12 случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Сите се приведени во полициска станица каде добиле кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

-Од затекнатите 12 лица кои го прекршиле полицискиот час има едно лице над 65 години и еден малолетник. Луѓето се откриени во градот Тетово, како и во Јегуновце и Стримница, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 52 лицa, додека изјави за самоизолација потпишале вкупно 44 лица. Поради полицискиот час нема извршено контроли кај луѓето со решенија од инспекторатот и тие со самоизолација. Во изминатиот 24 часовен период за неносење заштитни маски изречени се два казни.

Граѓаните од сите тетовски општини од четвртокот во 21:00 часот до понеделник во 5:00 часот ќе треба да останат во домовите согласно мерката за ограничено движење во насока на спречување на ширење на коронавирусот.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија, неофицијално шестмина уапсени

Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра како гаранција дека нема да избега