Утрински Весник
Македонија

Облачно со дожд и ветер, локално услови за град

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Променливо облачно време со засилен јужен ветер ќе преовладува денеска во земјава. Синоптичарите најавуваат повремен дожд уште од изутрина. На место ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени.

Во Скопје слично време со појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 13-тиот степен, а дневната до 24-тиот степен.

Во следните денови во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе бидат помали. бак/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот