Утрински Весник
Македонија

Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска

Берово, 5 јуни 2020 (МИА) – Поради зголемениот број туристи кои за време на продолжениот викенд се во Берово, градоначалникот Звонко Пекевски апелираше на задолжително почитување на препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

– Со оглед на забележително зголемената фреквенција, а со тоа и зголемениот ризик од зараза од Ковид-19, апелирам на строго почитување на мерките, а особено препорачувам задолжително носење маска и одржување на дистанца. Ова особено важи за сите кои доаѓаат од високо ризичните реони во нашата општина, истакна Пекевски.

Благодарение на досегашното почитување на мерките и препораките, како што додаде тој, Берово е општина со само двајца заболени пациенти, од кои едниот е веќе оздравен.

– Токму поради ова, отсега е потребно да бидеме уште повеќе внимателни, со оглед на присуството на голем број граѓани, во Берово. Ковид-19 е сериозно заболување, а почитувањето на мерките, ќе придонесе за спречување на ширење на истото и затоа уште еднаш апелирам граѓаните и особено туристите да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца со што сите ќе придонесат за надминување на состојбата со коронавирусот. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје