Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево
300x250 opst2

Делчево, 5 јуни 2020 (МИА) – При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.

-Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смртта, информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ