Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Дваесет и пет заболени од Липково, едно лице од Куманово

ЦЈЗ Куманово: Дваесет и пет заболени од Липково, едно лице од Куманово

Куманово, 5 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 26 новозаразени лица од Ковид 19, соопшти денеска директорот на јавната здравствена установа д-р Ариф Љатифи. Дваесет и пет од нив се од Општина Липково, а едно лице од општина Куманово.

– Шестнаесет од заболените се од село Слупчане, шест лица се од Липково и три од Матејче. Сите заболени се од познати кластери. Тестирањата се вршат генерално непречено, со неколку исклучоци, лица кои не веруваат во постоење на вирусот. Но, во соработка со општината другите институции и чинители во Липково се спроведува тестирањето, изјави д-р Љатифи.

Едното починато лице на возраст од 52 години е жител на општина Липково. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание