Утрински Весник
Македонија

Кавадаречките екологисти посадија дрвца пред канцелариите на невладините организации

Кавадаречките екологисти посадија дрвца пред канцелариите на невладините организации

Кавадарци, 5 јуни 2020 (МИА) – Кавадаречките екологисти посадија дрвца пред канцелариите на невладините организации во Кавадарци. Еколошката акција беше во организација на регионалниот еко центар „Еко-живот“, а во чест на одбележувањето на 5 Јуни, Светски ден на животната средина. Беа посадени зимзелени дрвца „чемпреси“, обезбедени од јавното претпријатие „Национални шуми“.

– Ова е само една од бројните активности кои ги имаме преку целата година. Тие имаат за цел промовирање на екологијата како здрав начин на живот и подигнување на еколошката свест на повисоко ниво, рече Роберто Паризов, претседател на „Еко-живот“.

Тој најави и други проекти кои ќе ги спроведуваат во наредниот период, а во кои се вклучени еко активисти од сите генерации. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија