Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Челзи се согласил за Вернер да плати 60 милиони евра

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер
300x250 opst2

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер ќе ја продолжи кариерата во Челзи, објави  новинарот Николо Скира.

„Сините“ од Лондон ќе платат 60 милиони евра за 24-годишен играч. Договорена е соработка со Германецот до 2025 година со годишна плата од 10 милиони евра плус бонуси.

Петнаесет проценти од износот на трансферот ќе добие Штутгарт, од каде Вернер во 2016 година замина за Лајпциг. Во моментот, двете страни ги привршуваат формалностите за потпишување на договорот.

„Би-Би-Си“ и „Скај Спорт“ исто така потврдуваат дека договорот на Челзи со играч веќе е постигнат.

Вернер оваа сезона има одиграно 29 натпревари во Бундеслигата, постигнато 25 голови и остварено седум 7 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица