Утрински Весник
Македонија

Завршува обновувањето на коловозот на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш

Завршува обновувањето на коловозот на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш

Струмица, 4 јуни 2020 (МИА) – Со гребење на досегашниот слој на асфалтот почна обновувањето и на втората собраќајна лента на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш.

Според градоначалникот на Општината Герасим Конзулов, со завршувањето на овој дел од коловозот ќе се комплетира обновувањето на асфалтниот слој на булеварот.

– Втората лента се обновува во должина од 1.500 метри и ширина од седум метри. Од општинскиот буџет за овој зафат ќе бидат потрошени седум милиони денари, а изведувачот работите треба да ги заврши за десет денови, информира градоначалникот Конзулов.

Упати апел до граѓаните да не паркираат на делот каде што се одвиваат градежните активности и да ги отстранат паркираните возила, со цел непречено да се реализираат планираните зафати. рт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

Кристи Мекормик предложена за амбасадорка на САД во Македонија