Утрински Весник
Македонија

УЈП: Поради протоколите во домашна изолација не повеќе од 40 лица

Одбележување „25 години УЈП и Св.Матеј – Ден на даночните работници”

Скопје, 3 јуни 2020

Управата за јавни приходи, најостро ги демантира невистините и обвинувањата дека наводно 200 лица од УЈП биле во самоизолација поради контакт со директорката, Сања Лукаревска.

Во интерес на јавноста, УЈП информира дека поради протоколите, во домашна изолација е дел од раководството на Управата за јавни приходи и бројката не надминува 40.

Согласно епидемолошката анализа којашто е направена кај сите вработени  посочени од директорката, на сите им беше укажано дека не претставуваат и не се во ризик. Дел од вработените се веќе тестирани и се негативни на Ковид-19, а дел ќе се тестираат во наредните денови.

Работата во Управата за јавни приходи се одвива непречено, согласно планот за работа во услови на коронавирусот, односно работа од дома како и наизменично менување на вработени на работно место, со заштитна опрема и средства за дезинфекција.

Од почеток на пандемијата, Управата за јавни приходи ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој вработен. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.  Воедно се врши редовна дезинфекција и на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.

УЈП, како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.

Во услови во коишто се наоѓа целиот свет треба да останеме хумани и присебни и да не злоупотребуваме ничие човечко здравје во ширење на лажни информации.

Управа за јавни приходи

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: Рекордна инвестиција од над 205 милиони евра за модернизација на здравството

Од удар на гром се запали Беласица на грчка територија

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС