Утрински Весник
Економија

Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Димитров: Потребни се мерки за олабавување на монетарната политика
300x250 (7)

Штип, 3 јуни 2020 (МИА) – Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви. 

Ss1

  Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните. Градскиот пазар на 5 јуни делумно ќе биде отворен за работа, само со прехранбени производи, рече Бочварски.

Вицепремиерот Османи соопшти дека е е потребно да се постават т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките. Со тоа, смета Османи, значително ќе се заштитат и вработените, и компаниите. 

– Очигледно дека имаме рецидив на болеста. Имаме враќање на пикот на епидемијата којшто денеска се потврдува и на ниво на државата, и во Штип. Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени без разлика дали се работи за приватни или државни институции. Тоа се ковид координатори. Бидејќи очигледно е дека оваа болест ќе трае и за да ги заштитиме вработените, но и компаниите од затворање, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија и државна институција назначи КОВИД координатор чија единствена работа ќе биде да внимана на почитување на протоколите, истакна Османи. 

Во Штип во изолација се ставени над 300 граѓани, а на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 16 пациенти со средна клиничка слика. вдј/бак/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање