Утрински Весник
Македонија

Три милиони денари доби Општина Кочани за мерките за намалување на аерозагадувањето 

Три милиони денари доби Општина Кочани за мерките за намалување на аерозагадувањето 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кочани, 2 јуни 2020 (МИА) – Општина Кочани доби три милиони денари и одобрени два проекти за хортикултурно уредување на училишни дворови по јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев денеска посетија дел од објектите кои се опфатени со мерките за реализација на средствата од Програмата за намалување на аерозагадувањето.

– Со цел да се намали аерозагадувањето од институциите во централното градско подрачје, наменети се средства за набавка на опрема за греење, вентилација и климатизација во Центарот за култура „Бели мугри“, а ќе се изврши озеленување на дворните површини на основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“.  Енергетската ефикасност ќе биде подобрена во ОУ „Малина Попиванова“ каде ќе се реконструираат кровот и фасадата на училишната зграда, истакна градоначалникот Илијев.

При средбата со директорите, заменик-министерот Макрадули беше информиран за потребните идни интервенции за подобрување на зелените површини и енергетската ефикасност.

Распределбата на средствата од Програмата за намалување на аерозагадувањето што се реализираше преку Генералниот секретаријат на Владата, е базирана и на  месечните извештаи од Државниот автоматски мониторинг систем во 2019 година, кој покажа дека минатата година во Кочани имало 66 денови со надмината 24-часовна гранична вредност на ПМ10 честичките. та/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откажан годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот