Утрински Весник
Економија

ДИТ добил 2300 пријави од граѓани, 847 се за непочитување на мерките за заштита

ДИТ добил 2300 пријави од граѓани, 847 се за непочитување на мерките за заштита

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Во периодот од 11 март до 28 мај годинава Државниот инспекторат за труд регистрирал 2.300 пријави од граѓани, од кои 847 на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Останатите пријави, како што рече директорот Аљајдин Хавзиу, биле за добивање информации.

-Во овој дел само мал број од пријавите се во однос на работните услови внатре. Повеќето се по закон за работни односи. Претствници на државниот инспекторат за труд во овие конфекции кои сега се посочени со проблеми и во останатите конфекции цело време биле присутни, сугерирале да се придржуваат кон мерките и протоколите на Владата, работодавачите успешно го спроведувале и по тој основ ние немаме претставки, рече Хавзиу.

Тој апелираше да се продолжи со почитување на донесените мерки за заштита, бидејќи дале ефекти. Најави дека инспектори од ДИТ и натаму ќе бидат присутни на терен да контролираат дали мерките се почитуваат. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година