Утрински Весник
Економија

ДПИ го затвори луна паркот на бул. „Борис Трајковски“, забранета е работата на вакви паркови во моментов

ДПИ го затвори луна паркот на бул. „Борис Трајковски“, забранета е работата на вакви паркови во моментов

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Патувачкиот луна парк, кој е поставен на раскрсницата на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“ во Кисела Вода е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција, во одговор на прашање рече дека луна паркот е затворен од нивна страна, бидејќи е забрането вакви луна паркови да работат сега.

– Луна паркот има уредно издадена дозвола, но забранета е рабоата на луна парковите сега. Истиот е затворен во петокот или саботата, а од нивна страна било кажано дека не знаеле дека не смеат да работат, истакна Пауновски. скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“