Утрински Весник
Моја Кујна

Топчиња од мелено месо и кашкавал, сос и компири

Martina 22

Сите имаме денови кога не знаеме што за ручек, па затоа ви споделувам уште една идеја. Секако повторно брзо и лесно за подготовка, а убаво и вкусно за јадење?
Направете смеса од меленото месо, јајцето и презлата или лебот. Зачинете по желба и оформете како бомбици, а на средина ставете парче кашкавал. Убаво затворете и редете ги на хартија за печење. Печете ги околу половина час во загреана рерна на 250 С, а во текот на печењето превртете ги 2-3 пати. По желба во истиот плех ставете и компири исечени на ленти. За сосот: на 2 лажици масло ставете 2 лажици брашно и кратко пропржете. Постепено додавајте 2 шолји млеко( или 1 млеко-1 вода) и мешајте со маталка. Оставете 4-5 минути сосот да повари. Вака добивате бешамел сос, а доколку сакате додадете и 1/2 лажичка кари во прав, за кари сос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascooking) on

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал