Утрински Весник
Македонија

Филипче: Задолжително носење маски заради асимптоматските носители на вирусот

Филипче предупреди за повторно воведување рестрикции поради непочитување на мерките

 

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Задолжителното носење заштитни маски е добра одлука, заради постоењето голем број асимптоматски носители на коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Огромен е делот на асимптоматски носители, точниот процент би бил шпекулација и тоа го видовме и од овие изминати неколку денови кога ги тестираме и анализираме контактите на претходно дијагностицираните. Огромен дел од тие граѓани, птактично сега пациенти – носители на вирусот апсолутно немаат симптоми. Сметам дека е добра одлуката задолжително да носат маски апсолутно сите, заради тоа што не можеме да знаеме во овој момент, и веројатно ќе помине подолго време додека со сериозни анализи и студии не видиме кој од тој процент на граѓани кои се носители на вирусот, а немаат никакви симптоми. За тоа треба да се прави и поширока студија, мултицентрична. Никој не може да знае ништо за вирусот за толку кратко време, сите детали. Затоа велиме дека сите сме во оваа работа и дека од сите зависи, рече министерот Филипче на новинарско прашање за можноста за олабавување на мерката за задолжително носење маски на отворено, а во контекст на препораката со која излегла денеска СЗО здравите луѓе, кои немаат симптоми да не носат маски, бидејќи не постојат докази дека може да ги штитат.

Тој посочи дека според последните предвидувања од некои најнови објавени студии има сценарија за Ковид вирусот и до 2025 година, и за ризици кои се можни и во 2021 и 2022 година.

– Очигледно е дека вирусот ќе биде составен дел од нашиот живот. И ние имаме сценарија во кои што докажавме, и тоа го покажуваат епидемиолошките анализи, дека непочитувањето на мерките доведува до вакви пикови, рече Филипче. вг/сп/

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Понеделник, 01 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара