Утрински Весник
Македонија

Се уште е рано за отворање на границите

Филипче: Се уште е рано за отворање на границите кај нас

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфернеција посочи дека се уште е рано да се отворат границите, наведувајќи дека ја следат ситуацијата и ги анализираат бројките, па понатаму ќе донесат одлука.

– Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пацинети кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.

Тој оцени дека не треба да се избрза со донесување на одлука.

– Мислам дека сепак соседите ќе ја гледаат бројката. Јас разговарав изутрината сабајле со бугарскиот министер и му кажав дека ќе дискутираме овие следни денови и ние повторно ќе се слушнеме до крајот на неделава, рече Филипче. см/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години