Утрински Весник
Македонија

Директорот на „Службен весник“ во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска

ЈП Службен весник одвои 1,6 милиони евра и ги уплати во Буџетот како помош за справување со кризата

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Директорот на „Службен весник“ Мартин Костовски предмалку на својот Фејсбук профил објави дека ќе биде во 14-дневна самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД – 19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот. За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни, напиша Костовски. бак/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин