Утрински Весник
Македонија

Од денеска пет редовни автобуски линии на релација Охрид – Скопје

АМЕРИТ бара да се укинат патарините за камиони и автобуси

Охрид, 1 јуни 2020 (МИА)  – Патничкиот автобуски сообраќај од и кон Охрид моментално се одвива со само пет автобуски линии кон главниот град и тоа со две возила на „Галеб“, едно на „Класик компани“ и од денеска со два автобуси дневно на „Македонија сообраќај“.

Независно постепеното воведување на нови автобуски линии, ситуацијата се уште е далеку од нормалата. Интерес за патување кај граѓаните речиси и да не постои, а за една автобуска линија се продаваат по пет до шест билети.

Компаниите за патнички сообраќај се подготвени за враќање кон нормалниот возен ред, возилата се подготвени, но предуслов за тоа се состојбата што ја диктира епидемијата на Ковид-19 и мерките што ќе ги наложи власта.

Димитар Василески, сопственикот на охридски „Галеб“,  вели дека се уште не може да се каже кога ќе дојде до нормализација во одвивањето на патниот сообраќај бидејќи неизвесно е како работите ќе се развиваат понатаму. Вели дека луѓето воопшто не патуваат, освен за некои вонредни потреби и неодложни активности.

Моменталните протоколи за превоз на патници значат дека максимален број патници во едно возило е половина од пропишаниот капацитет, што значи дека во автобус од 50 седишта максимално можат да се превезуваат 25 патници.

Според автопревозниците засега таквите ограничувања нема да значат покачување на цената на возните билети, но оти во иднина ќе мора да да го вкалкулираат тој наметнат трошок дали преку зголемување на цените на билетите или преку некоја соодветна мерка што би ги компензирала оперативните расходи. аб/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер