Утрински Весник
Македонија

Бетониран крак од гевгелиската улица „Деко Ковачев“

Бетониран крак од гевгелиската улица „Деко Ковачев“

Гевгелија, 1 јуни 2020 (МИА) – Според оперативниот план на општина Гевгелија за бетонирање на помали улици и краци во градот и населените места, денеска во Гевгелија заврши бетонирањето на крак од улицата „Деко Ковачев“ со должина од околу 300 метри.

Ова продолжение од улицата „Деко Ковачев“ што се протега покрај одводниот канал „Рауљ“ во западниот дел од градот претставуваше децениски проблем за жителите од населбата кои секогаш кога врнеше дожд газеа кал додека стигнат дома.

– Градежните зафати за подобрување на инфраструктурата,чиј инвеститор е општина Гевгелија, продолжуваат етапно со активностите за реконструкција на локалните патишта и улици кои беа стопирани поради пандемијата. Очекуваме наскоро да почнат и други зафати околу инфраструктурното уредување на Гевгелија и населените места, потврдија од општината.

Пред да застанат градежните активности, беше бетонирана една помала улица во Гевгелија, во близина на булеварот, една улица што води до црквата во селото Петрово и две улици во селото Мрзенци. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија