Утрински Весник
Македонија

Судско рочиште за „Шпански скали“

Прво рочиште за Шпанските скали, обвинетите се изјаснија за невини, за обвинителството Јанакиевски виновен за склучување на договорот

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и други 10-тина службеници, меѓу кои нотари и бизнисмени.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите