Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се дезинфицираат судниците и се прави нов распоред за седење на странките во Кривичниот суд

Прочистување во правосудството, ветингот е поразлична постапка, тврди Заев
Img 7972

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје информира дека започнува
со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда и оти од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува по сите насрочени судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот.

-Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по добивање на одлуката на Судскиот совет на Р.С.М. за судење на сите насрочени судења која беше објавена во петок  29 мај, попладне започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда. Во текот на денешниот ден ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на вирусот КОВИД – 19, се вели во соопштението од Судот.

Заради тоа, посочуваат оттаму, денеска и утре, 1-ви и 2 јуни, Судот ќе постапува само по итни – притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите останати насроечни судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите