Утрински Весник
Македонија

Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Смилковци

Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Смилковци

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води ќе добие населеното место Смилковци. Како што соопшти денеска Општина Гази Баба, овој проект ќе го реализира со грант од Светска банка кој ќе чини околу 18.300.000.00 денари.

-Овој проект е само уште еден со кој покажуваме дека водиме сметка за потребите на граѓаните во руралните средини кои повеќе од 20 години чекаа да добијат основни услови за живот, наведува Општината.

Оттаму посочуваат дека со реализацијата на проектот „Изградба на секундарна фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во населено место Смилковци” жителите повеќе нема да се мачат со септички јами, туку ќе добијат современи услови.бт/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница