Утрински Весник
Македонија

Ново хортикултурно катче во Карпош 3

Ново хортикултурно катче во Карпош 3

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Ново хортикултурно катче со систем за наводнување, но и клупи за седење, реквизити и подлога ќе биде поставено на влезот од трговскиот центар „Лептокарија“, во населбата Карпош 3.

Уредувањето на овој простор, како што соопшти денеска Општина Капрош, ќе го финансира и реализира „Халкбанк“ АД Скопје, согласно нивната заложба за подобрување на животната средина, под платформата „Халкеко“.

Општинските власти посочуваат дека овој зелен корнер е лоциран во централниот дел на „Лептокарија“, каде што фреквенцијата на граѓани е поголема, а местото претставува омилен дел за рекреација на жителите од најблиските згради и живеалишта. Со уредувањето на просторот, карпошани ќе добијат ново катче за маалска дружба и рекреација,

-Општина Карпош продолжува со постојаното раззеленување на јавниот простор, а добро е што нашата заложба за чист и зелен Карпош е препознаена и од приватниот сектор, од општествено одговорни компании кои се придружуваат на иницијативата, се наведува во соопштението на општината. бт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал