Утрински Весник
Македонија

Текстилот и пластичарските производи се вратија на пазарот во Делчево

Текстилот и пластичарските производи се вратија на пазарот во Делчево

Делчево, 30 мај 2020 (МИА) – По пауза од два ипол месеци текстилот и пластичарските производи се вратија на пазарот во Делчево. Поради мерките за заштита од Ковид-19, во изминатите две недели се вршеше продажба исклучиво на прехранбени и земјоделски производи, додека од денеска и официјално пазарот се врати во својот препознатлив изглед.
Одлуката за повторна продажба на текстил ја поздравија локалните продавачи.
-Добро е денеска,  не е лошо. По пауза од неколку недели се вративме на пазарот. Она што не плаши е дека се најавуваат мерки за повторно воведување на забрани, но како ќе кажат за доброто на сите така ќе правиме, против тоа не се може вели делчевецот Усаин Фејзулов.
Редарска служба и денеска беше задолжена за регулирање на обврската за почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, при што видливо беше носењето заштитни маски од страна на купувачите и пазарџиите. Пазарниот ден помина во знакот на раноградинарските култури кои беа најзастапени на тезгите.
Поради се уште неотворените граници, денеска изостана присуството на граѓани од соседна Бугарија кои како што истакнаа пазарџиите, според најавеното се очекуваат во месец јуни, а поради близината на Делчево со Бугарија во минатото беа меѓу најчестите посетители за време на викендите.вс/бт/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките