Утрински Весник
Економија

НБ: Позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2020 година

НБ: Позначајни движења во платниот биланс во првиот квартал од 2020 година

Скопје, 29 мај 2020

Во првиот квартал од 2020 година во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 157 милиони евра, при дефицит во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход. Во споредба со истиот квартал од минатата година, дефицитот во тековната сметка е намален за 1,2 милиона евра.

Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нето-приливи од 172,7 милиона евра, а позначајни нето-приливи се остварени кај директните инвестиции во износ од 132,7 милиони евра.

Соопштението е достапно и на следната врска: http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/PB/2020/Soopstenie_PB_03_2020.pdf

Народна банка на Република Северна Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7 отсто во споредба со лани