Утрински Весник
Македонија

Државниот завод за статистика одбележува 75 години

Државниот завод за статистика одбележува 75 години

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Државниот завод за статистика на 1 јуни одбележува јубилеј – 75 години од своето постоење и по тој повод промовираше специјално посветена веб-страница за скромните почетоци и достигнувањата.

Посетителите на страницата може да се запознаат со краток историјат на македонската статистика и да разгледаат фото галерија од изминатите 75 години.

Поставени се и обраќања, по повод јубилејот, на директорот на ДЗС Апостол Симовски, премиерот Оливер Спасовски, министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Сoветот за стaтистика Благоја Марковски.

На страницата е посатевна и изложба подарени дела од Живко Поповски – Цветин, Статистиката не е само бројка. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија