Утрински Весник
Економија

НБ: Позначајни движења кај останатите финансиски институции во првиот квартал на 2020 година

НБ: Позначајни движења кај останатите финансиски институции во првиот квартал на 2020 година
300x250 (7)

Скопје, 29 мај 2020 

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од првиот квартал од оваа година изнесуваат 121.472 милиони денари. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 62,2%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 21,3%.

Img 5587

Од аспект на финансиски инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се должничките и сопственичките хартии од вредност со збирно учество од 69,1%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со збирно учество од 90,6%.

НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Соопштението е достапно и на следната врска:

http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2020/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q1_2020_mk.pdf

Народна банка на Република Северна Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром