Утрински Весник
Спорт

Лацио сака да го продолжи договорот со Ачерби до 2024 година

Лацио сака да го продолжи договорот со Ачерби до 2024 година

Рим, 29 мај 2020 (МИА) – Лацио е во преговори да го продолжи договорот со дефанзивецот Франческо Ахерби.

Новинарот Николо Скира објави дека римјаните се надеваат дека ќе го продолжат договорот со 32-годишниот Италијанец до јуни 2024 година со плата од 2,5 милиони евра.

Новиот договор треба да ги намали шансите на дефанзивецот да го напушти клубот. За него се заинтересирани Интер и Челзи.

Во тековната сезона, Ачерби има одиграно 33 натпревари на сите турнири, во кои постигна два гола и направи две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум