Утрински Весник
Македонија

Вработените во гевгелиските градинки негативни на корона вирус

Вработените во гевгелиските градинки негативни на корона вирус

Гевгелија, 29 мај 2020 (МИА) – Резултатите од тестирањето,кое во рамки на скринингот го направи ПЕ на центарот за јавно здравје, покажаа дека сите 110 вработени во ЈОУ „Детска радост“ во Гевгелија се негативни на корона вирусот.

Со последните резултати, кои пристигнаа од лабораторијата на Центарот за јавно здравје од Велес,се покажа дека ниту еден вработен во шесте градинки на територијата на општина Гевгелија од кои три се во градот и по една во Богородица, Негорци и Миравци не е заразен од Ковид-19, односно дека сите се негативни на корона вирус.

-Негативните корона тестови потврдија дека здравствената состојба на вработените е добра во пресрет на повторното отворање на градинките за децата што за нас секако претставува пријатна вест, рече директорката Бети Стефановска.

Таа нагласи дека пред скринингот во сите објекти на шесте детски граднки била извршена дезинфекција,дезинсекција и дератизација и дека капацитетите и вработените во градинките се целосно подготвени за повторно прифаќање на децата во моментот кога одлуката за тоа ќе ја донесат надлежните власти во земјата. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите