Утрински Весник
Македонија

Решенија за изолација добиле 368 лица во изминатото деноноќие

Изминатово деноноќие осум лица не ја почитувале изолацијата

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие (28/29 мај) на територијата на државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е евидентирано  дека едно лице на ја почитувало мерката за самоизолација.

– Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 440 прекршоци, информира МВР. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Народниот правобранител отвори предмет за загадувањето на водата во Гостивар

Апелација ја зголеми затворската казна од 16 на 20 години за кавадарчанецот која ја уби својата вонбрачна партнерка

Уставен суд за прв пат пријави судија за непочитување судска одлука