Утрински Весник
Македонија

Кои земји на ЕУ ги отвораат границите и кога

Кои земји на ЕУ ги отвораат границите и кога

Еуроњус

29 мај 2020

Со олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, земјите од ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде ќе можат да одат на одмор, а само Грција и Бугарија најавија отворање на границите со Србија.

Грчките граници ќе бидат отворени на 15 јуни, но само за граѓаните кои доаѓаат од Германија, Израел, Кипар, Балканот и балтичките држави. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест за Ковид-19 или задолжителен карантин, кога меѓународните летови ќе продолжат да летаат на 1 јули.

Бугарија го најави отворањето на границата со Србија и Грција за 1 јуни.

Хрватска ја отвори границата со Словенија кон средината на мај, а истото треба да го стори и на 29 мај со Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

Унгарија ги отвори своите граници со Романија, а од среда ги отвори со Словачка и Чешка, но со ограничувања.

Италија планира да ги отвори своите граници на 3 јуни за граѓаните на ЕУ, Велика Британија, шенген зоната, Андора и Монако.

 Шпанија ќе ги отвори своите граници за туристите на 1 јули.

Француските граници остануваат затворени најмалку до 15 јуни, освен за граѓаните на ЕУ кои живеат во Франција, сезонски работници и државјани на ЕУ кои работат во Франција.

Во Германија, проверките на границата со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска и за патниците кои пристигнуваат со авион од Италија и Шпанија остануваат во сила до 15 јуни.

Границите на Велика Британија во моментов се отворени. Од 8 јуни посетителите од странство ќе бидат ставени во 14 дневен карантин.

Австрија планира целосно да ја отвори границата со Германија на 15 јуни.

Чешката ги отвори своите граници со Германија и Австрија на 26 мај, и со Словачка и Унгарија на 27 мај, но со ограничувања.

Холандските граници се отворени за оние кои патуваат во Шенген зоната, но препорачливо е да се избегнуваат сите патувања што не се потребни.

Белгиските граници остануваат затворени. ки/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина