Утрински Весник
Економија

Пауновски: Одговорноста за спроведување на мерките е на угостителите, ќе ги контролираме

За непридржување до прописите во епидемија досега изречени 72 мерки во угостителството во тетовскиот регион

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Протоколите за работа на кафулињата и рестораните се донесени за да ги спроведуваат угостителите. Тие се одговорни да бараат лични карти на гостите и да ги спроведуваат мерките, и токму тие како правни лица ќе бидат предмет на контрола, истакна денеска директорот на Државен пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

-Дали има двајца или четворица на маса сигурно дека тоа е одговорност на оној кој што треба да ги спроведува протоколите а тоа се оние кои вршат угостителска дејност. Инспекторите се тие кои после укажувањата ќе постапуваат и ќе преземаат соодветни мерки. Од нашата свест и совест ќе зависи дали понатаму мерките ќе одат постепено на олеснување исто како што навремено стануваа се поригорозни така ќе одиме и со олеснување кои ќе доведуваат да се она кое што сме го работеле порано постепено да се врати во нормала, рече Пауновски во одговор на прашање како ќе се увиди дали гостите се од исто семејство или од различна група на луѓе.

Како што рече, инспекторите не се должни да бараат лична карта на физички лица, тие вршат контрола само на угостителските објекти како правни лица. Првите десет дена ќе вршат едукативна посета и опомена, а потоа ќе преземат и соодветни мерки.

-Келнерот, односно газдата на угостителскиот објект е тој кој што треба да ги спроведува протоколите. Инспекторите нема да ви побараат лична карта бидејќи инспекторите не бараат лична карта на физички лица. Ние вршиме контрола согласно законот за угостителска дејост кај угостителите. Тие како правни лица ќе бидат предмет на контролите од страна на инспектротие, пред се, првите десет дена ќе одиме со едукативна посета на сите тие угостители за да после тоа нормално, тие што нема да ги спроведуваат овие протоколи ќе преземаме и соодветени казнени мерки, рече тој.

Како што додаде, доколку угостителите не ги почитуваат мерките, најпрвин ќе постапат со опомена и едукација. Доколку непочитувањето продолжува, во тој случај мерките веднаш ќе бидат преземени.

-Истото го правевме и со сите казнени мерки за сите досегашни владини одлуки кои што се донесуваа. Најпрвин одевме секаде со опомени, едукации и сите оние кои не ги спроведуваа уредбите и одлуките на Владата преземавме соодветни мерки. Затоа имаме толку затворени објекти во претходниот период, и затоа имаме толку казнети трговци кои не ги почитуваа одлуките за цените..сето тоа зависи од свеста и совеста на граѓаните и оние кои работаат во соодветни објекти. Она што го прават Комсијата за здравство и Владата го прават пред се за заштита на граѓаните на оваа држава. Се она што го носат како протоколи од страна на инспекторатите контролата ќе биде насочена на кафетариите и оние кои што вршат угостителска дејност, рече Пауновски.бт/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“