Утрински Весник
Спорт

Погба потпиша договор со француски клуб

Погба потпиша договор со француски клуб

Париз, 27 мај 2020 (МИА) – Флорентин Погба, брат на многу попознатиот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба, потпиша договор со Сошо, објавено е на официјалниот Твитер на клубот.

Дваесет и деветгодишниот репрезентативец на Гвинеја, претходно играше за Седан, Сен-Етјен, Генчлербирлиги и Атланта.

Порталот „Transfermarkt com.“ ја проценува вредноста на играчот на 475 илјади евра.

За време на неговата кариера, тој постигна девет голови и оствари осум асистенции на 219 натпревари. Има одиграно 21 средба за репрезентацијата на Гвинеја. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри