Утрински Весник
Македонија

Лица во карантин во охридски хотел излегувале и недолично се однесувале

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени  за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Додека биле сместени во карантин во хотел, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против тројца жители од општина Липково – С.Љ.(25) од село Матејче, В.Н.(39) од село Липково и А.Х.(27) од село Отља, против четворица од Скопје –  Ж.Б.(28), Ф.Р.(40), Р.Љ.(40) од Арачиново и Ш.А.(45) од Чаир, против С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ф.Б.(39) од Тетово, Н.А.(38) од Крушево и М.С.(61) од кичевското село Осој. хс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина