Утрински Весник
Македонија

Дониран уред „УВ гард“ за Општата болница со проширена дејност во Кочани

Дониран уред „УВ гард“ за Општата болница со проширена дејност во Кочани

Кочани, 27 мај 2020 (МИА) – Опшатата болница со проширана дејност од Кочани денеска доби уред за дезинфекција од вируси и бактерии „УВ гард“, изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.

Апаратот го донираше компанијата „Антура МК“ од Кочани, како поддршка на јавната здравствена установа против ширењето на коронавирусот. Од болницата истакнаа дека со тоа дополнително се зајакнуваат условите за заштита и на вработените, и на пациентите.

– Упатуваме јавна благодарност до кочанската компанија за покажаната хуманост, особено што со овој уред се овозможува ефикасна дезинфекција за половина час на просторија од 40 квадратни метри. Ултравиолетовите зраци допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите, во воздухот и на нерамни површини, така што „УВ гард“ ќе биде дополнување на редовната дезинфекција што ја правиме на дневна основа во болничките простории, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани.

Веднаш по добивањето на апаратот, почната е дезинфекција во амбулантските простории каде што има најголема фреквенција од пациенти, а со оглед што се работи за мобилен уред, тој ќе се користи и во хируршкото, интерното, детското и во другите одделенија во болницата.

Во периодот додека трае вонредната состојба, компанијата „Антура МК“ вторпат донира помош за Општата болница во Кочани, главно за набавка на неопходна опрема и средства за заштита од коронавирусот. та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор