Утрински Весник
Македонија

Два лица во време на полициски час се шетал низ Штип

Штипското ЈО бара казна од 5.000 евра за штипјанец кој не ја почитувал мерката задолжителна самоизолација

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За стореното кривично дело Обвинителството му предложи на Судот на секој од  обвинетите да им изрече парични казни од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.

Двајцата обвинети не ги почитувале мерките донесени од Влaдата на Република Северна Македонија, односно се движеле низ градот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата. оџ​/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре попладне нестабилно со пороен дожд

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

Тенор Хозе Карерас и македонските ѕвезди на Плоштад „Македонија“ по повод „35 години независност“