Утрински Весник
Македонија

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април“

Одбиено барањето за изземање на судиите од расправата по жалбите за пресудите од „27 април“

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Судскиот совет на Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за изземање на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска од јавна расправа во овој суд по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април.

По одбивањето на барањето, јавната расправа, што ќе трае три дена, продолжи со читање на пресудите.

Расправата почна со речиси двочасовно задоцнување, по што беше дадена пауза со цел Советот да се изнесе по барање за изземање на судиите.

Во образложение на барањето адвокатот Звонко Давидовиќ изјави дека законот е многу јасен и оти во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, не може да биде и судија во предметот. см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание