Утрински Весник
Македонија

83 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар по 3, Прилеп, Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица по 2 и по еден заразен од Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатото деноноќие не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 2 починати лица од Скопје (78) и Струмица (62), од кои едно е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28. април до 12. мај годинава.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 79 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес по 3, Охрид, Штип и Гевгелија по 2 и по еден оздравен од Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци.

Направените 1.430 тестови ср преку: ИЈЗ-187, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-41, Судска медицина-1, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-28, Биотек-96, Систина-39, лабораторија Лаор-22, Синлаб-12, Ремедика-19, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-92, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 590.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Согласно епидемиолошките aнализи, дистрибуција по градови е следна:

Скопје 146222, Активни 309
Куманово 16660, Активни 11
Битола 15561, Активни 63
Прилеп 14193, Активни 16
Тетово 13468, Активни 6
Кавадарци 10671, Активни 17
Велес 9782, Активни 3
Гостивар 9603, Активни 10
Охрид 8886, Активни 21
Струмица 8071, Активни 2
Штип 8043, Активни 10
Кичево 5638, Активни 6
Кочани 5087, Активни 8
Струга 4724, Активни 5
Гевгелија 4417, Активни 4
Неготино 3687, Активни 4
Ресен 2743, Активни 14
Свети Николе 2628, Активни 4
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1983, Активни 3
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1671, Активни 10
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 3
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје